Анчелоти: Не е фер да се каже дека Меси е најдобар во историјата

фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Реал Мадрид фуриозно го започнува остатокот од сезоната. Борбата за пет трофеи започнува со три натпревари во девет дена и трката со Барселона, која има два бода повеќе од актуелниот шампион на врвот во „Ла Лига“.

Утре гостуваат кај Ваљадолид во 15 коло, потоа на 3 јануари играчите на Карло Анчелоти ќе играат против нисколигашот Касерењо во Кралскиот куп, а на 7 јануари ќе ја завршат серијата од три гостувања кај Виљареал во првенството.

– Започнуваме маратон во кој ќе се бориме за пет трофеи во следните два и пол месеци: Ла Лига, Кралскиот куп, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство. Нема одмор бидејќи играме на секои три дена до 19 февруари. Сите играчи се вратија по Мундијалот во Катар. Последни ни се приклучија Модриќ, Чуамени и Камавинга, но нема да играат во Ваљадолид – рече Анчелоти.

Италијанскиот тренер кажа каква е состојбата на играчите по враќањето од СП.

– Многу добро. Успеавме да го опоравиме Бензема, кој ни е исклучително важен. Сите што беа на одмор се вратија во добра форма, но приоритет ќе им дадам на оние кои беа тука цело време – вели Анчелоти.

Многу се зборуваше и пишуваше за Бензема и неговата огорченост што не беше вклучен во француската репрезентација за финалето на СП?

– Воопшто не разговаравме за тоа. Знам дека во него имам многу мотивиран играч и убеден сум дека ќе ни донесе многу добри работи во вториот дел од сезоната.

Ќе донесете ли засилувања во зимскиот преоден рок?

– Имаме одличен тим и тоа поглавје е затворено. Не го знам единственото нешто за заминувањата бидејќи некои фудбалери кои играат помалку можеби ќе сакаат да одат.

Бразил е заинтересиран да бидете нивни селектор?

– Уште не ми се јавија, но мило ми е што се заинтересирани. Мојата ситуација е јасна. Јас сум тренер на Реал Мадрид и никогаш не би ја прекинал соработката со клубот.

Дали Меси е најдобар во историјата?

– Не е фер да се каже дека е најдобар затоа што секоја ера има одлични фудбалери. На пример, јас ја тренирам „Златната топка“ (Карим Бензема) секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот