Ана Ивановиќ со роденденска честитка за сопругот: „Не постои совршено без тебе“

epa efe
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

По повод 37-миот роденден на сопругот Бастијан Швајнштајгер, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави фотографија на „Инстаграм“ и му испрати честитка.

„Ако треба некому да покажам фотографија од совршениот момент, тоа ќе биде оваа. Среќен роденден, љубов. Не постои „совршено“ без тебе во мојот живот. Нека следната година ти донесе повеќе радост, изобилство и исполнување на соништата. Те сакам“, напиша таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Бројни следбеници испратија честитки за роденденот на Бастијан, како и комплименти до славниот пар.

ана ивановиќ
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

„Вие двајца сте прекрасен пар и мило ми е што ве гледам толку среќни“.

ана ивановиќ
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

 „Прекрасни“, се само некои од коментарите.

Инаку, Ана и Бастијан се венчале на 13 јули 2016 година во Венеција и заедно имаат два сина, Лука и Леон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот