Ампева: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Кристина Ампева - ФОТО/Screenshot: Youtube

Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.

Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева.

Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.

Стратешки е да размислуваш на доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.

Порача дека ова нема да помине, бидејќи веќе имале успешта иницијатива пред Уставен суд и додаде дека треба да размислат добро зошто се на власт и зошто добиле мандат.

Тоа не е за да намалуваат човекови и работнички права. Нема да дозволиме, заклучи Ампева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот