Амфилохије прима Ремдесивир со „протекции“

Митрополитот Амфилохије, кој од 6 октомври се леќи од коронавирусот го прима лекот Ремдесивир. Според медиумот ЦДМ, лекот кој според сознанијата на Слободен печат на црниот пазар во Косово се продава за 500 евра, е недостапен за другите пациенти во Црна Гора.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Црногорскиот медиум повикувајќи се на свои извори пишува дека митрополитот црногорско-приморски е „привилегиран во однос на другите пациенти кои сè уште немаат можност да се лекуваат со терапија со Ремдесивир“.

Според ЦДМ Амфилохије е привилегиран во споредба со другите пациенти кои сè уште немаат можност да се лекуваат со терапија со Ремдесивир.

За разлика од Македонија каде овој лек се дева исклучиво под лекарски надзор, како што за Слободен печат изјави министерот Филипче, во Црна Гора се поставува прашањето како и зошто Ремдесивир е достапен само за митрополитот, а не за другите граѓани кои имаат потешка клиничка слика и се лекуваат од коронавирус.

Лекот „Ремдесивир“ што лекува Корона не се продава во аптека

Од црногорскиот медиум велат дека во здравствениот систем на оваа земја сè уште нема официјален лек во здравствениот систем.

Тие потсетуваат дека, со согласност на Националното координативно тело за борба против заразни болести, Владата на Црна Гора пред неколку дена ја извести јавноста дека обезбеди средства за набавка на Ремдесивир и дека цената на лекот е иста за сите земји.

Македонија бара 3.600 дози од спорниот Ремдесивир, еве колку ќе чини тоа

Србија му стои на располагање на митрополитот Амфилохије

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот