Србија му стои на располагање на митрополитот Амфилохије

Амбасадорот на Србија во Подгорица, Владимир Божовиќ му ги пренесе поздравите и поддршката на митрополитот на Црна Гора Амфилохије од Александар Вучиќ.

„Митрополитот Амфилохие срдечно му се заблагодари на претседателот Вучиќ за неговата грижа и внимание и му пренесе благослови и молитви на неговиот српски народ, кој е со него и во овие тешки предизвици“, се вели во соопштението на српската амбасада.

Според соопштението, амбасадорот Божовиќ им се заблагодарил на лекарите од Клиничкиот болнички центар во Подгорица, каде што Амфилохије се лекува од коронавирус, за вниманието и грижата за митрополитот. Амбасадорот изразил и подготвеност од страна на Република Србија да помогне на кој било начин во кое било време, доколку е потребно.

„Исто така, ние сме во контакт со Митрополијата на Црна Гора и приморјето, кои заедно со медицинскиот тим ја следат состојбата на здравјето на Митрополитот и објективно и навремено ја информираат јавноста која е заинтересирана не само за Црна Гора, туку и за Србија и Република Српска и регионот“ се заклучува во соопштението на Амбасадата на Србија.

Црногорско-приморска Митрополија: Амфилохие успешно се опоравува, добро се чувствува, лекарите се задоволни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот