Американскиот сенатор во паника поради Русите: Ги обвинува хакерите за загрозување на американската економија

Фото: Профимедиа

Републиканецот Мит Ромни изјави дека руските хакери можат да нанесат голема штета на американската економија и да ја обезличат, пишува Новости.рс.

– Тие можат да ја нарушат економијата на САД – рече Ромни во интервју за „Ен-Би-Си“ и посочи дека хакерите предизвикуваат „исклучително голема штета“.

Тој верува дека Русија, меѓу другото, може да ја постави за цел електричната мрежа во САД, водоснабдувањето и другите инфраструктурни објекти.

Ромни исто така истакна дека е разочаран од фактот што американскиот претседател во заминување Доналд Трамп неодамна сајбер нападите врз американските државни институции ги припишува на Кина, а не на Русија.

Според сенаторот, Трамп е слеп кога станува збор за Русија, што лидерот на САД го негира и често истакнува дека од сите американски претседатели, тој води најнеусловна политика кон Русија.

Претходно, Асошиејтед Прес (АП) објави дека вработените во Белата куќа планираат да издадат изјава за вмешаност на Русија во голем хакерски напад врз американските владини компјутерски системи, но во последен момент им беше наложено да не ја објавуваат оваа изјава.

Претходно, Трамп во саботата изјави дека медиумите претерале со обемот на инцидентот. Тој не се согласува со тврдењата на голем број весници дека група хакери кои работат за Москва можеби стојат зад сајбер нападот, и наместо тоа тој призна дека Пекинг може да биде вмешан во нападите.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин ја пофали „храброста“ на руските шпиони, по повод 100-годишнината од руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

-Им посакувам успех на сите што ја штитат Русија и нашиот народ од надворешни и внатрешни закани и кои го бранат нашиот суверенитет и нашите државни интереси- рече Путин во говорот во седиштето на СВР во Москва

Путин ги пофали руските шпиони: Тие се лојални и храбри луѓе кои ја штитат Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот