Американскиот Сенат поддржа продажба на ракети на Саудиска Арабија

берни сандерс
Берни Сандерс / Фото: Архива на Слободен печат

Американскиот Сенат синоќа ја отфрли резолуцијата со која се забранува продажба на 280 напредни ракети со среден дострел на Саудиска Арабија во вредност од 650 милиони долари.

Резолуцијата, претставена од републиканците Ренд Пол и Мајк Ли и демократот Берни Сандерс, беше отфрлена од 67, а прифатена од 30 сенатори.

Иако некои пратеници гледаат на Саудиска Арабија како на важен партнер од Блискиот Исток, членовите на Конгресот го критикуваа авторитарното кралство за дејствување во војната во Јемен, конфликт кој се смета за една од најголемите хуманитарни катастрофи во светот.

– Извозот на дополнителни проектили во Саудиска Арабија само ќе го продолжи овој конфликт и ќе додаде масло на огнот, рече Сандерс во говорот во кој повика на поддршка за резолуцијата.

САД на Саудиска Арабија ќе и продадат 280 ракети воздух-воздух произведени од Raytheon Technologies. Владата на американскиот претседател Џо Бајден претходно вчера објави дека силно се противи на резолуцијата.

Усвојувањето на резолуцијата „ќе ја поткопа посветеноста на претседателот да помогне во одбраната на нашиот партнер во време на зголемени напади со беспилотни летала и ракети врз цивили во Саудиска Арабија”, беше наведено во соопштението на Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот