Американскиот хипотекарен пазар повторно пред колапс

Фото: Профимедиа

Ако американските банки и власти итно не им помогнат на учесниците на пазарот на хипотекарни заеми, тој како последица на ширењето на коронавирусот би можел да доживее колапс со домино ефект на целата економија, предупреди еден од најголемите претприемачи на пазарот за недвижнини и извршен директор на компанијата „Colony Capital“, Том Барак.

Барак со своите „црни“ предвидувања ги запозна учесниците на интернет платформата Медиум, чии објави се познати на угледниот медиумски гигант „Блумберг“. Според тврдењата, Барак своите предупредувања ги испратил на 22 март, пренесува црногорскиот портал „Банкар.ме“.

– Барањата на кредиторите за отплата на обврзници веројатно ќе ескалираат на системско ниво, што ќе предизвика домино ефект кај поширок круг на учесници на целокупниот пазар на недвижнини, вклучувајќи ги и сопствениците на недвижнини и куќи, луѓе кои издаваат имоти, програмери, хотелски оператори и нивните станари и вработени – навел Барак и сегашната ситуација ја спореди со онаа за време на Големата депресија во САД во триесетите години на минатиот век.

Првиот човек на „Colony Capital“, според наводите на „Блумберг“, во својата анализа тргнува од кревката доверба на инвеститорите во пазарот на хипотекарни кредити. Неопходно е, смета Барак, да се стимулира интересот на финансиските фондови и земјопоседници за реоткуп на финансиските обврзници на пазарот на хипотекарни кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот