Американски генерали стравуваат од граѓанска војна

Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Тројца пензионирани генерали, генерал-мајорот Паул Д. Итон, генерал-мајорот Антонио М. Тагуба и бригадниот генерал Стивен М. Андерсон тврдат дека американската војска е полна со потенцијални бунтовници, и побараа од Пентагон „да ги идентификува и отстрани“ таквите луѓе, .

Во колумна објавена во „Вашингтон пост“, тие предупредуваат на опасност од избувнување на граѓанска војна во САД доколку Пентагон не ги искорени навреме „потенцијалните бунтовници“. Според нив, големи се шансите за „уште еден бунт“, уште повеќе доколку републиканците повторно ја заземат Белата куќа.

„Потенцијалот за воен удар е многу реален“

Генералите оценија дека „потенцијалот за воен удар е многу реален“, а во нивната колумна напишаа дека се „загрижени за последиците од изборите во 2024 година и заканата од смртоносен хаос во рамките на армијата“.

Како пример за таков „бунт“, генералите го наведоа конфликтот меѓу Националната гарда на Оклахома и Пентагон околу задолжителната вакцинација против ковид-19, нарекувајќи го „можеби загрижувачки“ знак за претстојниот воен колапс од страна на припадниците на армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот