Американската здравствена агенција предупредува дека и вакцинираните можат да го шират делта-сојот

делта сој
Фото: Профимедиа

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) утврдија дека во области со високо ниво на инфекција со коронавирусот, и вакцинираните и невакцинираните граѓани мора да носат маска.

„Во ретки прилики, некои вакцинирани луѓе може да се заразат со делта-сојот и да го пренесат вирусот на други“, рече директорката на ЦДЦ, Рачел Валенски.

Здравствената агенција, исто така, препорача училиштата да го прифатат универзалното носење маски, иако претходните упатства наведоа дека вакцинираните ученици и вработени не треба да ги носат, пишува ABC News.

„ЦДЦ препорачува локалните власти да го поттикнат универзалното носење маски во затворени простории за сите наставници, вработени, ученици и посетители на училиштата, без оглед на статусот на вакцинација“, се вели во новите упатства на ЦДЦ.

Директорот на ЦДЦ, Рејчел Валенски, рече дека податоците покажуваат дека делта-варијантата „се однесува уникатно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот