Американка дала отказ за да патува по светот и да следи фудбалски натпревари

фото: инстаграм

Џесика Мелоун е една од ретките Американки кои го обожуваат фудбалот, таа уште од СП 1998 година се вљуби во најважната споредна работа на светот. Колку е вљубена во фудбалот, Џесика покажа со тоа какво име му даде на своето куче, Зинедин Зидан.

Таа до неодамна работеше во фирма за недвижнини, но поради фудбалот си даде отказ и одлучи да патува низ светот и да посети што повеќе стадиони.

Откако даде отказ, Џесика Мелоун беше во 13 држави и посети 44 стадиони и следеше 60 натпревари во последните шест месеци. Таа досега била во Англија, Италија, Шпанија, Франција, Унгарија и во земји во Централна и Јужна Америка.

Џесика ја гледаше Боа Јуниорс на „Бомбоњера“, Барселона на „Камп Ноу“, а беше и на култни стадиони и како „Маракана“, „Сан Сиро“, „Олд трафорд“, „Вембли“, „Олимпико“…

– Тоа беше неочекувано, имав работа но тоа беше он-лајн и дури немав своја канцеларија во фирмата. Одлучив да си дадам отказ и да патувам низ светот. Првата работа која сакав да ја видам беше да го следам Меси во живот. На листата на желби имав неколку стадиони кои сакав да ги посетам и тоа го направив. Последните шест месеци ми се најубави во мојот живот – изјави Џесика.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот