Американците ја научија лекцијата, со „Дрим тим“ на ОИ во Токио

EPA-EFE/GEORGE FREY

Репрезентацијата на САД на неодамна завршено Светско првенство во кошарка кое се одржа во Кина, го освои седмото место што е најслаб пласман во историјата.

Главна причина за катастрофалниот настап на Мундобаскетот е отсуството на најголемите НБА ѕвезди кои не сакаа да играа за репрезентацијата.  Но, Олимписките игри за разлика од Светското првенство се многу попривлечни за најдобрите американски кошаркари, и голем број на НБА ѕвезди најавија дека сакаат да играат во Токио со што САД повторно ќе има „Дрим тим“.

Последен кој изрази желба да игра за репрезентацијата е најдобриот стрелец во последните две години, Џејмс Харден од Хјустон рокетс.

– Една е целите ми е да ја претставувам мојата преубава земја на Олимписките игри – порача Харден.

Веднаш откако Харден го потврди учеството, се јави и Џими Батлер кој исто така изрази желба да биде дел од репрезентацијата на САД на Игрите во Токио.

Пред Харден, одлука да настапат на ОИ во Токио донесоа и Стеф Кари, Демиен Лилард, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот