Алушовски: Се обидуваме да не мислиме на проблемите

фото: vardarfans.mk/

Ракометарите на Вардар в недела ги очекува пресметка со екипата на Порто во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардарци со победата во претходното коло над Мотор си ги решија сите дилеми околу пласманот во осминафиналето , но грижите не ги напуштаат ракометарите поради финансиските проблеми со кои се соочува европскиот шампион.

Сепак, тренерот Стевче Алушовски смета дека неговите ракометари и покрај проблемите ќе дојдат во позитивен резултат на гостувањето кај Порто.

– Победата против Мотор во претходното коло ја подигна атмосферата в тимот. Сепак не треба тој резултат да ни дава преголеми оптимистички очекувања. Реално гледаме на ситуацијата. Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите.

Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот –  вели Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот