Алтернатива: Србија станува опасна земја за секој Албанец, МНР да реагира

Фото: ТВ21

По најавата дека албанското семејство од Гостивар било малтретирано во Србија, бидејќи еден од патниците во возилото имал албански етнички симбол на својата маица, Алтернатива ја изразува својата загриженост што Србија станува опасна земја за секој Албанец кој патува низ таа држава, се вели во денешното соопштение од партијата.

-Осудувајќи го овој чин како сериозно кршење на меѓудржавните односи и страшна албанофобија, Алтернатива бара официјални информации од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија какви дипломатски мерки има преземено или ќе преземе Северна Македонија против ова кршење на меѓудржавните односи од Србија наспроти Северна Македонија Притоа, не можеме а да не заклучиме дека ваквото албанофобично однесување на Србија кон Албанците, овој пат врз граѓани на Северна Македонија, покажува дека ништо не се променило во Белград од времето на Милошевиќ и дека соништата на Ковачевски и Али Ахмети за „Отворен Балкан“ Вучиќ ги превртува кога сака и како сака – велат од Алтернатива.

Според партијата, индикативно е дека овој чин се совпаѓа и со кампањата на Владата на Северна Македонија што се прави против албанските етнички симболи, што се појавија пред неколку дена на еден митинг во Тетово Алтернатива е загрижена дека Северна Македонија, со оваа Влада, станува полигон на Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот