Алтернатива бара ваучери наспроти замрзнување на цените

Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Погрешните и штетните политики на Владата се многу големи и во економската благосостојба на граѓаните. Така, размислувајќи само како да ги спасат криминалците, челниците на Владата, со своите погрешни политики, овозможија да се создадат екстремно високи цени на прехранбените производи, соопшти Алтернатива.

Од партијата велат дека додека во Европа има пораст од само 11 отсто, во Северна Македонија растот на овие производи е 46 отсто, цените на нафтените деривати се веќе највисоки во регионот, има поскапување на електричната енергија, а платите и понатаму се најниските во регионот, со што сериозно се оптоварува животот на граѓаните.

-За жал, оваа лоша состојба не се ублажува ниту со замрзнување на цените на прехранбените производи, која е популистичка мерка за изборни ефекти и не го дава вистинскиот ефект. Ова е привремено решение, кое не помага за растот на економијата, а сериозно ја оштетува прехранбената индустрија и, како резултат на тоа, можеме да имаме и недостиг од прехранбени производи, намалување на производствените капацитети и намалување на работните места. На овој начин ќе имаме пораст на увозот на производите, со што ќе се создаде монопол на некои компании поврзани со власта, кои и во услови на криза ќе имаат корист на сметка на граѓаните. Анализите со кои располагаме ние говорат дека од мерката „замрзнување на прехранбените производи“ заштедите достигнуваат до 1.500 денари, што е далеку од потребата на месечната потрошувачка кошничка. Оттука, сметаме дека во ова време на економска криза и сиромаштија, итно решение е финансиската помош при распределба на социјалните купони (ваучери) за социјално ранливите групи, категориите на граѓаните со ниски примања и пензионерите, но овој износ што не смее да биде помал од 30% од минималната плата. За сите кои бараат решение, секогаш постои алтернатива – се вели во соопштението на Алтернатива.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот