Алпинистичка опрема за армиските специјалци

После 25 години, специјалните армиски сили добија целосно нова и  совремана алпинистичка опрема, која што ќе значи голема промена и во поглед на вежбањето, но особено во поглед на користењето на Армијата во услови на критични ситуации, каде што е потребна и алпинистичка опрема, но и алпинистички тимови за заштита и спасување на граѓани или припадници на Армијата во непристапен терен, рече денеска министерката Радмила Шекеринска на промоцијата на новата опрема која ќе ја користат дел од припадниците на Баталјонот за специјални сили.

Промоцијата се одржа на полигонот за воена алпинистика во близина на Демир Капија, при што во рамки на презентацијата беше изведена и воена вежба за спасување на планински и карпест врв. На вежбата беше прикажана новата опрема, а беше вклучен и воен хеликоптер за воздушна евакуација и транспорт.

Со ова речиси целосно го заокружуваме процесот на основно опремување на Армијата. Чекор по чекор покажавме дека кога тоа е приоритет, македонската армија може да биде и вистинска НАТО армија. Ги обезбедивме целосно сите припадници и со основна униформа и чизми, меѓутоа и во исто време обезбедуваме и спортска опрема за сите припадници, гортекс одела, основно вооружување, АБХ опрема, а од денеска и оваа алпинистичка опрема – истакна министерката Шекеринска.

На промоцијата на алпинистичката опрема присуствуваше и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски. Набавката чини 15 милиони денари и е извршена од буџетот на одбраната. Арсеналот алпинистичка опрема се состои од таканаречено витло за спасување, алпинистички јажиња за извлекување и за заштита при искачување, алпинистички појаси, алпинистички цокули и патики, шлемови, ламби за на шлемови, пластични и метални носилки за транспорт, бургии за бушење, канџи за вкопување во карпа и други потребни делови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот