Алкараз: Не верувам дека можеме да го повториме успехот на Рафа, Новак и Рожер

Карлос Алкараз годинава победи на четири турнири, од кои два се од серијата Мастерс 1000/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанската тениска сензација Карлос Алкараз смета дека рекордите на Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал уште долго време ќе бидат недостижни за тенисерите.

Големата тениска тројка во изминатите две децении поставија неверојатни рекорди кои според Алкараз е невозможно да се достигнат.

Од 2008 година па досега Надал, Федерер и Ѓоковиќ освоија 48 гренд слем титули, додека останатите тенисери само 10 пати ги креваа шампионските пехари на најголемите тениски турнири.

– Мислам дека нема никакви шанси да го повториме тоа што го направија Рожер, Рафа и Новак. Не станува збор за недостаток на самодоверка или за нашата способност. Ниту јас, ниту било кој од моите колеги нема да го постигнеме тоа што го направија овие тројца великани – вели Алкараз.

Иако постојано зборува дека има големи амбиции, Алкараз кој годинава направи одлични резултати триумфирајќи на два мастерс турнири, разбира колку е тешко да се стигне до самиот врв.

– Тука зборуваме за невозможни достигнувања. Такво нешто воопшто не ми е на ум во овој момент. Повеќе би сакал да застанам цврсто на земја и да размислувам за сегашноста – вели Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот