Алкалоид и Вардар остануваа перфектни и по четири натпревари

Фото: РК Алкалоид

И по четвртото коло во ракометната Суперлига, Алкалоид и Вардар остануваа перфкетни.

Алкалоид доминантно го совлада дебитантот во најсилната конкуренција, екипата на Аеродром со 30:44. Рамноправно во салата „Автокоманда“ се играше до 15:15, а потоа фаворитот започна да го трасира патот до победата.

На стартот од второто полувреме, избраниците на Лазаров за првпат дојдоа и до двоцифрена предност (18:28). Прв стрелец на натпреварот беше Иван Џонов со десет гола, Александар Петковски погоди осум пати.

Вардар кој својот натпревар го играше денес претходно исто така славеше убедливо против Прилеп со 22:35.

Вардарци од почетокот наметнаа свое темпо и диктираа игра. Предноста цело време беше на страната на тимот на Владо Недановски, а во првиот дел маестрална партија имаше српскиот бек Матија Николиќ кој даде девет гола, од вкупно 18 за вардарци

СУПЕРЛИГА – 4. Коло

ГРУПА А

Струга – Скопје 37-28

Куманово – Тиквеш 16-28

Охрид – Е. Пелистер 2 24-22

Аеродром – Алкалоид 30-44

ГРУПА Б

Пролет – Мулти Есенс 32-27

Прилеп – Вардар 1961 22-35

Вардар Неготино – Е. Пелистер 17-32

Бутел – Голден Арт (утре, 01.10 – 18 ч.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот