Алисон е херојот на Ливерпул, му донесе победа на својот тим во 95. минута
Фудбалерите на Ливерпул ја продолжија трката за освојување на четвртото место во Премиер лигата откако во 36 коило го совладаа ВБА со гол во 95 минута и тоа на голманот Алисон Бекер.
𝐀𝐁𝐒𝐎𝐋𝐔𝐓𝐄𝐋𝐘 𝐈𝐍𝐂𝐑𝐄𝐃𝐈𝐁𝐋𝐄. pic.twitter.com/zbKdD9OrI7
— Liverpool FC (@LFC) May 16, 2021
Со овие три бода Ливерпул ги задржа шансите за четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите, „црвените“ имаат 64 бода, еден помалку од четвртопласираниот Челси и три помалку од третиот Лестер на две кола до крајот. Дополнителен мотив на Ливерпул му дава и податокот што во наредното коло, Челси и Лестер ќе играат меѓу себе и „црвените“ со евентуален триумф над Барнли може да дојдат до позиција која носи во ЛШ.
Put it in the Louvre 🎨
𝗜𝗠𝗠𝗘𝗗𝗜𝗔𝗧𝗘𝗟𝗬. pic.twitter.com/88JNw9RQAV
— Liverpool FC (@LFC) May 16, 2021
ВБА поведе со голот на Робсон Кану во 15. минута, но Салах во 33. минута донесе израмнување. Иако имаа иницијатива, играчите на Ливерпул не успеаја да постигнат гол и во последните секунди од наптреварот кога изгледаше дека шансите за пласман во ЛШ се загубени, „црвените“ се изборија за корнер. Голманот Алисон дојде во шеснаесетникот на ВБА со цел да им помогне на соиграчите, но на крајот испадна херој бидејќи тој го постигна голот за победа по центаршутот на Аелксандер-Арнолд.