Александар Тодоров е новиот селектор на кошаркарите

Денеска како што и најави македонската кошаркарска федерација, во просториите на хотелот „Елса“ беше промовиран новиот селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација. Станува збор за Александар Тодоров кој ќе има цел со сениорите да се пласира на наредното Европско првенство 2021 година.

Квалификациите ќе ги започнеме на 20 февруари дома против Естонија, ривал кој што можеби ќе биде ни биде решавачки за пласман на континенталниот собир, а три дена подоцна гостуваме кај Русија.

Во квалификациската група се наоѓа и селекцијата на Италија (еден од организаторите на ЕП).

Првите три репрезентации од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации покрај организаторот.

Како што и самиот Тодоров најави, доколку се пласираме на ЕП 2021, неговата соработка со федерацијата, односно репрезентацијата ќе трае до 2025 година.

– Целта е пласман на ЕП, а на тој пат ќе се обидеме со подмладување на репрезентацијата. Имаме неколку селекции во младинските конкуренции кои имаат добри резултати. Секако ова не е алиби, туку потреба да им се даде шанса на помладите да го покажат потенцијалот, а кои за три-четири години се очекува да бидат главниот костур на тимот, а кои воедно успешно настапуваат во домашната и меѓународната сцена – изјави Тодоров.

Разговарано е со многу млади и талентирани кошаркари кои треба да бидат иднината на оваа селекција како Димитријевиќ, Магдевски, Николов, Јакимовски, Миловановиќ, Савиќевиќ, Исајловски, Симиќ, Митревски, Маслинко, предводени од браќата Стојановски, тука се уште Симоновски, Ѓуроски, а можно е да се врати и Самарџиски, од кој сеуште нема потврден одговор.

Новоизбраниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров кажа каде ги гледа двете шанси за учество на Европското првенство во 2021 година.

– Кошаркарски, спортски гледано шансата е Естонија, додека неспортски гледано е Русија да не добие право за настап да директно да одиме на ЕП, но знаејќи колку јас имам среќа тоа нема да се случи, што значи ќе мора преку натпревари да ја оствариме целта. Сепак не значи дека ќе биде доволно подобар биланс со Естонија во двата меѓусебни дуела, бидејќи можни се изненадувања и на средбите со другите два противници – вели Тодоров.

Воедно додаде дека во стручниот штаб ќе биде сегашниот тренер на МЗТ, Ѓорѓи Кочов, останатите тројца тренери ќе се дознаат во наредната недела со дозвола од нивните клубови.

Кондициски тренер ќе биде ангажиран од Турција, за психолошката подготовка на репрезентативците грижа ќе води Ленче Алексовска, а „скаутинг“ ќе води Никола Велес.

Исто така се очекува да има и еден странец кој има желба со Македонија да се најде на Евробаскет 2021, а станува збор за Американецот Шејн Витингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот