Алегри главен фаворит да го наследи Тухел на клупата на ПСЖ

EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Италијанскиот стратег по едногодишна пауза ова лето планира да се врати на тренерската работа, а медиумите наведуваат дека негова следна дестинација ќе биде Париз.

Поранешниот тренер на Јувентус по заминувањето од Торино си зеде едногодишен одмор, но италијанската „Ла Стампа“ пишува дека нов клуб на Алегри треба да биде францускиот шампион ПСЖ.

Актуелниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел е на тенок лед кај челниците на клубот поради неможноста да ја контролира состојбата во соблекувалната, а најголем минус му е лошиот однос со Килијан Мбапе.

Но, доколку Лигата на шампионите продолжи во август и ПСЖ успее да триумфира, Тухел би требало да остане на клупата на францускиот тим.

Масимилијано Алегри во 2019 година си замина од Јувентус каде во петте години поминати на клупата освои пет титули во Серија А, четири Купа на Италија но има и два порази во финалето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот