Албанските медуми ја пренесоа веста за полнопрвното членство на нашата земја во НАТО

Медиумите потсетуваат дека Албанија е меѓу првите земји чиј Парламент го ратификувал пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.

Албанските медиуми, без исклучок, ја преноса веста за официјалното полнопрвно членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Една од најгледаните телевизии Топ чанел, со наслов „Северна Македонја и официјално стана членка на НАТО” наведува дека добриот сосед и пријател на Албанија, од денес е дел од семејството на Алијансата.

„Голема вест за Северна Македонија, официјално членка на НАТО”. Под овој наслов веста ја пренесува агенцијата Балкан веб, која пренесува и дел од изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во која тој вели дека членството се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна.

Телвизијата Ора њуз веста ја пренесува под наслов „Северна Македонија членка на НАТО” и меѓу дргото го пренесува делот од изјавата на министерот Димитров каде што вели дека „ со ова завршија 27-те години од нашиот пат кон полноправно членство во НАТО, што започна во 1993 година”.

Медиумите потсетуваат дека Албанија е меѓу првите земји чиј Парламент го ратификувал пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.

Додаваат дека тоа направено со 130 гласа „за” и  ниту еден против, во присуство на собранскиот спикер Таљат Џафери, во февруари минатата година.

Посочуваат дека церемонијата на подигање на знамето на Северна Македонија планирано е да се одржи во седиштето на НАТО во Брисел на 30 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот