Албанија ќе набави над 1,1 милион дози вакцини против ковид-19

Албанија планира да набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19 со кои ќе бидат опфатени 20 отсто од населението.

За таа цел денеска до Парлементот е доставен Предлог – закон со кој се предвидува набавка на антиковид вакцина ,кога таа ќе биде достапна на пазарот, договор кој е поврзан со компанијата „Covax”.

-Со овој Предлог-закон се предвидува набавка на 1.140.000 вакицини за што ќе бидат потрошени 3,9 милиони долари.Според владата овој број вакцини ќе бидат наменет за 20 отсто од популацијата и се предвидува едно лице да добие две дози од вакцината, пренесува Топ чанел телевизија.

Предлог-законот за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Албанија, претставувана од министертвото за здравство и социјална заштита и алијансата ГАВИ за учество во глобалната структура за прстап до вакцината Covax facility денеска е доставен до албанскиот парламент.

Во Албанија овој месец влошена е епидемиолошката состојба. Во просек дневно се регистрираат по повеќе од 200 нови случаи или 20 отсто од тестираните. Вчера од направените 1.375 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 297 лица, што е околу 22 отсто од тестираните. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот