Алаба го „ограби“ Реал Мадрид, дури и семејството на фудбалерот ќе добие бонус

EPA-EFE/Dean Mouhtaropoulous

Реал Мадрид во летниот преоден рок донесе само едно засилување, како слободен играч на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна Давид Алаба. Но, германските медиуми откриваат дека претседателот Форентино Перез потрошил вистинско богатство на него.

Иако кога клубот потпишува договор со слободен играч изгледа како да не платил ништо, реалноста е сосема поинаква. Реал Мадрид не му плати ниту едно евро обесштетување на Баерн Минхен, но затоа добро го плати Алаба.

Германски „Шпигел“ ги објави екслузивните информации или ставки од договорот на Алаба од кои се гледа дека Реал Мадрид за петгодишниот договор со австрискиот репрезентативец ќе потроши околу 144 милиони евра.

Реал Мадрид за пет години ќе издвои 115 милиони евра за платата на Алаба, клубот ќе го плаќа и данокот кон државата, но тоа не е се.
Само за потписот со Реал Мадрид, Алаба доби бонус од дури 17.7 милиони евра, неговиот агент Пини Захави заработи провизија од 5.2 милиони евра, додека пари ќе заработи и семејството на фудбалерот. Не е познато по кој основ,  но семејството на австрискиот фудбалер ќе добие „награда“ од дури 6.3 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот