Активист на Беса повикан во полиција поради поставување навредливи знаци за ДУИ низ Тетово

Фото: МИА

Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово со навредлива содржина за ДУИ.

Претпладнево МИА информираше дека за овој случај полицијата започнала истрага.

Претседателот на Беса, Билал Касами по повикувањето на информативен разговор на активистот побара објаснување од тетовската полиција.

Тој во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека „полицијата треба да ги брани активистите, наместо криминалците”.

-Ова се случува кога политичките партии, власта оди во погрешен правец, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните и да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ – рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Етеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот