Актерката Ангела Стојановска ќе гo изведе перформансот „Срам“ во „Јавна соба“

Авторката и изведувачка Ангела Стојановска на 17 март, со почеток во 20 часот, во „Јавна соба“ (Паблик рум) ќе го изведе перформансот со наслов „Срам“.

– Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе – објаснува актерката Ангела Стојановска.

Креативни соработници на проектот се Милош Б. Андоновски, режисер, и Ева Камчевска, драматург. Поддршка низ креативниот процес Ангела имаше од Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка, и Билјана Радиноска, театарска режисерка.

Извршна продуцентка на проектот „Срам“ е Емилија Чочкова, костимографијата е дело на Раде Василев, сценографијата на Мартин Манев, а техничката поддршка е на Филип Христовски.

Перформансот „Срам“ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско – испробување феминистички иднини“.

Платформата „Испробување феминистички иднини“ е финансиски поддржана од „The Kvinna till Kvinna Foundation“ и „FRIDA | The Young Feminist Fund“ и се реализира во соработка со Фестивалот MOT.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот