Академија Пандев се искачи на врвот по победата над Работнички

„Пандевци“ на делба на првото место во шампионатот/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Се комплетираше второто коло во Првата македонска лига со натпреварот Академија Пандев – Работнички во кој домаќините славеа со 2:0.

Немаше погодоци во првото полувреме, а во второто „пандевци“ стигнаа до трите бода со голови реализирани од пенал.

Мирчевски двапати беше прецизен од белата точка во 73 и 86 минута за прв триумф на неговата екипа во шампионатот.

На табелата сега четири екипи го делат првото место со по четири бодови, тие се Академија Пандев, Шкупи, Ренова и Струга.

По три имаат Борец, Работнички и Македонија ЃП, по два Скопје и Брегалница Штип, по еден Шкендија и Тиквеш, а единствен без бодови е Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот