Ајзеа Томас го доби најбрзото исклучување во историјата на НБА лигата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Еден од најбрзите кошаркари во НБА доцна синоќа на дуелот против Блејзерси го заработи и најбрзото исклучување во кариерата.

Ајзеа Томас, кошаркарот на Вашингтон направи една голема глупост на натпреварот против Портланд во поразот од 122:103.

Томас на самиот почеток од мечот заработи директно исклучување. Плејмејкерот се најде во дуел со Кармело Ентони и после борбата за топката, незадоволен што не беше досуден прекршок врз него во тие моменти, го турна судијата во публиката.

Тоа не му се допадна на арбитарот кој донесе одлука да го исклучи Томас кој не можеше да поверува и после само 88 секунди игра мораше да го напушти теренот.

Американските медиуми веќе го дефинираа како едно од најбрзите исклучувања во историјата на НБА лигата.

Ајзеа Томас прашуваше до судиите: „Што направив“?, а после мечот го доби и одговорот:

– Тој имаше физички контакт со судијата. Дефинитивно беше туркање во текот на борбата за топката – вели НБА судијата, Марк Ајоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот