Дејвис немилосрден кон „своите“ Пеликанси! (ВИДЕО)

twitter.com/Aaron83477419

Во НБА лигата Бостон потешко од очекувањата славеше над Атланта со 109:106, а Портланд беше подобар во пресметкат против Вашингтон Визардс (122:103).

Ентони Дејвис со „дабл-дабл“ учинок од 46 поени и 13 скока беше најефикасниот во триумфот на Лејкерси против својот поранешен клуб Њу Орлеанс со резултат 123:113.

Доцна синоќа на натпреварот одигран во „Стејплс центар” во Лос Анџелес, Дејвис беше следен од Дени Грин со 25 пени и Леброн Џејмс со 17 поени (15 асистенции).

Лонзо Бол во дресот на Пеликанси блескаше против својот поранешен клуб ЛА Лејкерс со 23 поени, додека Брендон Инграм постигна 22.

Бостон потешко од очекувањата славеше над Атланта со 109:106, а Портланд беше подобар во пресметкат против Вашингтон Визардс.

За Селтикси доминираше Браун со 24 поени, четири повеќе за Хокси имаше Јанг, a кај Блејзерси и Визардси по 35 поени како први стрелци се одвоија Лилард и МекРи.

НБА резултати –

Бостон – Атланта 109:106
Орландо – Мајами 105:85
Вашингтон – Портланд 103:122
Хјустон – Филаделфија 118:108
Феникс – Њујорк 120:112

Лејкерс со 28 победи и седум порази е најуспешна екипа во досегашниот дел од сезоната во Западната конференција, а на Истокот лидер е Милвоки со скор 31-5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот