АЈ ЧЕСТИТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Буџетарите ќе добијат 5 отсто повеќе на своите сметки

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

По скратена постапка пратениците денеска ги донесоа измените на Законот за исплата на платите со кој се овозможува вработените во јавната администрација да добијат плати повисоки 5 отсто започнувајќи со исплатата за септември 2019 година. За зголемувањето на платите на буџетските корисници, гласаа 80 пратеници.

За спроведување на овој закон, за три месеци од Буџетот ќе бидат потрошени 10,23 милиони евра (629 милиони денари).

Предлогот за измени го поднесоа пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири-Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот