АХВ апелира: Граѓаните да не го посетуваат ресторанот „МИР” во Прилеп, не ги исполнува хигиенските услови

Иако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради неисполнување на основните хигиенски услови двапати го затвора ресторанот „МИР” во Прилеп кој е лоциран на вештачко езеро, објектот е повторно отворен, без нејзино одобрение. Поради тоа, АХВ апелира граѓаните да не го посетуваат или ако тоа го прават, да знаат дека е на нивен сопствен ризик.

Како што велат од АХВ, не е приклучен на градската водоводна мрежа поради што не може да обезбеди хигиенски исправна и безбедна вода.

-На правното лице му е изречена мерката забрана за работа до исполнување на сите услови согласно законот за безбедност на храна. Даден е и прекршочен платен налог за правното лице во износ од 1.250 евра, како и 375  евра за одговорното лице. При повторен контролен надзор со цел проверка на спроведувањето на наведените мерки, ресторанот „МИР” повторно бил отворен и вршел дејност за што уште еднаш му е изречена глоба поради непочитувањето на инспекторското решение, а ставена му е и лента со ознака „затворено од АХВ”. И покрај тоа, констатирано е дека лентата е отстранета и ресторанот е повторно отворен. Поради тоа ги известуваме сите идни посетители на овој објект, дека тој не е регистиран и не е под контрола на АХВ, а конзумирањето храна и пијалоци е на нивен сопствен ризик, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот