Ахмети: Посветени ќе продолжиме на патот на исполнување на идеалот за интеграција

Али Ахмети / Фото: МИА

Посветени и без ниту еден сомнеж ќе продолжиме на патот на исполнување на идеалот за интеграција, неопходен за прогресивната иднина на нашата земја, но и за стабилноста на цела Европа, се вели во честитката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети поповод 9 Мај денот на Европа.

– Пред 72 години искри надеж за да ги обедини народите околу една мирољубива и прогресивна агенда, се појави хоризонт и денес рефлектирајќи врз тежината на временските дејства, го славиме денот на триумфот на мирот и резвојната преспектива што го денесе Европската Унија. На тој триумф припаѓаме и ние, за оживување и промоција на тие вредности сме работеле и ние до денес, се заколнавме и никогаш нема да кренеме раце. Посветени и без ниту еден сомнеж ќе продолжиме на патот на исполнување на идеалот за интеграција, неопходен за прогресивната иднина на нашата земја, но и за стабилноста на цела Европа, напиша Ахмети во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот