Ахмети не откри: Опозицијата нека не рони крокодилски солзи за потрошеното за роденденот на ДУИ

Али Ахмети/Фото: Скриншот

Жените се заслужни колку и мажите за многу важни процеси, било за слобода, еднаквост или демократија, изјави вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети на панел дискусијата „Родовата интеграција во последните 20 години” организирана од Форумот на жени на ДУИ.

Во својот говор пред присутните, Ахмети порача дека жените секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и поддршката од ДУИ, а се осврна и на нападите на опозициските партии дека партијата премногу пари потрошила за организација на двата концерти по повод роденденот.

– Денес роденден слават сите тие кои придонесоа да нема дискриминацијата и да се изгради еднакво општество. Денес роденден слават сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја, а не како кираџии како што беа до 2001 година. Жалам кога ги слушам опозициските партии како ронат „крокодилски солзи” дека сме трошеле многу за роденденот на ДУИ. Денес имаме едно многу толерантно општество, изјави Ахмети и посочи дека иднината на државата е заедно да се водат процесите напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот