Агуеро позитивен на коронавирус, ги пропушта следните три мечеви!

Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро објави дека е позитивен на коронавирус.

Агуеро ги пропушти последните два натпревари затоа што беше во самоизолација откако беше во близок контакт со заразено лице, а сега на „Твитер“ потврди дека е позитивен.

Сити игра три мечеви во следните 10 дена и Аргентинецот најверојатно нема да игра на нив. Токму до крајот на јануари има уште три мечеви за клубот од „Етихад“, в сабота во ФА купот на гостувањето кај Челтенам, па следува дуелот против Вест Бромвич на 26 јануари и четири дена подоцна дома против Шефилд јунајтед во рамките од Премиер лигата.

Од почетокот на сезоната тој настапи на само девет дуели поради повреда.

Во Премиер лигата „граѓаните“ предводени од менаџерот Пеп Гвардиола се наоѓаат на второто место со 38 бодови, два помалку од водечкиот Манчестер јунајтед.

Премиер лигата најде начин како да им се извини на навивачите поради празните стадиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот