„Агро лидер“ објави книга со рурална поезија од српската поетеса Радмила Петровиќ

Локалната акциона група „Агро лидер“ во партнерство со ППМ „Енклава“ од Белград, а како дел од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“ (READ – Regional Network for Cultural Diversity), поддржан од Европската Унија, ja објави книгата „Мајка ми знае што се случува по градовите“ на српската поетеса Радмила Петровиќ на македонски јазик.

Проектот е посветен на промоцијата на современата балканска рурална поезија. Препевот на стиховите е на Драгица Јорданоска, Драгица Здравеска и Звонко Димоски, јазичната редакција е на Димитар Ѓорѓиевски, а дизајнот на корицата на Хајдана Костиќ.

Поетесата Радмила Петровиќ (1996, Ужице) пораснала во Ступчевиќи во близина на Арилја. Како лауреатка на 42-те Лимски поетски вечери ја објавува збирката поезија „Мирисот на земјата“ (2014), а како победничка на 22. Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“ (2015). Нејзината трета збирка „Мајка ми знае што се случува по градовите“ ја објавува ППН „Енклава“ (2020) и постигнува голем комерцијален успех.

Искреноста на стиховите на Петровиќ ја прават блиска и прифатлива за младата публика. Нејзината поезија на посебен начин го соединува искуството на градот и современите мотиви со поими својствени за традиционалниот селски амбиент, создавајќи еден специфичен меѓупростор во кој ги преиспитува востановените модели на двете средини.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-20 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот