Агаси дури четири пати беше допингуван и сетоа тоа беше заташкано

Поранешниот прв светски тенисер, Марсело Риос, упати жестоки критики кон челниците на АТП.

Чилеанецот тврди дека АТП им помогнал на американските тенисери и ги заташкувал нивните допинг авантури. Риос директно го нападна освојувачот на осум грен слем титули, Андре Агаси.

– АТП е најголемото с**ње кое постои. Четири пати го фатија Агаси и сето тоа го заташкаа бидејќи стануваше збор за Агаси и доколку го откриеја тоа, ќе се уништеше тенисот. Сето тоа е едно големо с**ње – изјави Риос.


44-годишниот Чилеанец тврди дека во неговото време АТП ги форсираше тенисерите кои беа специјалисти за тврди, брзи подлоги.

– Победите на Мастерс турнирите секогаш беа лесни за Пит Сампрас. Со Серхи Бругера разговаравме дека подлогата треба да се менува секоја година, но сите наши предлози беа одбиени бидејќи сме Јужноамериканци – додаде Риос кој во кариерата освои 18 титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот