Африка доби дополнителни 400 милиони дози вакцини против ковид-19 од Индија

Фајзер вакцина
Фајзерр вакцина / Фото: ЕPA-EFE/ABIR SULTAN

Земјите од Африканската Унија (АУ) добија дополнителни 400 милиони дози вакцини против Ковид-19, соопшти африканскиот центар за контрола на болести.

Земјите на африканскиот континент, кои се меѓу најсиромашните на светот, ги набавија дополнителните дози преку Институтот „Серум” од Индија. Со ова вкупниот број дози за африканскиот континент достигнува 670 милиони.

Институтот Серум масовно произведува дози од вакцината Ковишилд, развиена од фирмата „АстраЗенека” и Универзитетот во Оксфорд за Индија и за земјите во развој.

Според властите од Африканскиот центар за контрола на болести би требало сите вакцини да се достапни до идната година, а потребни ќе бидат 1,5 милијарди дози за да се имунизира 60 отсто од населението на континентот.

Африканската Унија започна одделна иницијатива од механизмот Ковакс, наречена Аватт за да може да набави вакцини за достапна цена. Механизмот Ковакс што треба да им помогне на посиромашните земји да добијат вакцини сѐ уште е функционален и не се очекува да биде пред оваа пролет најрано. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот