Адвокатот на Трамп не оди во Украина, таму имало непријатели на претседателот на САД

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Адвокатот на претседателот Доналд Трамп, Руди Џулијани, ја откажа посетата на Киев поради тоа што новозибраниот претседател на Украина, Володомир Зеленски е опкружен со „непријатели на претседателот на САД”, изјави тој синоќа во интервју за „Фокс Њуз”.

Според Џулијани, се работи за луѓе кои порано биле вмешани во корупција и им помагале на демократите за време на претседателските избори во 2016 година. Тој не прецизираше кои се имињата на тие лица.

Личниот адвокат на Трамп укажа дека информацијата за „непријателите на Трамп” кои го опкружуваат Зеленски ја добил „од две доверливи лица”. Тој истакна дека одлуката никако не е поврзана со претстојните претседателски избори во 2020 година.

Џулијани претходно за „Њујорк Тајмс” изјави дека планира наскоро да ја посети Украина за да ја убеди новата администрација во земјата да спроведе истраги во однос на две прашања за кои постои голем интерес кај американските власти.

Според весникот, едно од прашањата е поврзано со истрагата на специјаниот обвинител Робарт Малер за руската вмешаност во изборите, а другото е за синот на поранешниот потпретседател, сегашен претседателски кандидидат, Џозеф Бајден Хантер, и неговите врски со неименуван украински претприемач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот