Адвокатот на Бритни Спирс ги загрижи обожавателите: Нејзината ментална состојба е како онаа на пациент во кома!

Instagram
Instagram

Адвокатот на пејачката Бритни Спирс (38), Сем Ингам, неодамна ја спореди моменталната ментална способност на својата клиентка со онаа на пациент во кома, што уште повеќе ги загрижи нејзините обожаватели ширум светот.

Се чини дека стравот на обожавателите на Бритни Спирс е оправдан поради нејзината ментална состојба, бидејќи во моментот таа е многу болна. Дури и нејзиниот адвокат вели дека во моментов нема можност самата да потпишува правни документи.

Фото: Инстаграм

 

На 7 октомври се одржа последното рочиште за притвор на Бритни Спирс, а она што го изјави нејзиниот адвокат Сем Ингам загрижи многумина.

Тимот на Бритни бара Џоди Монтгомери да биде нејзин старател до февруари 2021 година, наместо нејзиниот татко Џејми Спирс, кој се повлече од таа позиција поради лошата здравствена состојба, но сега сака да биде нејзин законски старател.

Иако двете страни се појавија на сослушувањето преку интернет, адвокатот на таткото на Бритни, изјави дека најдобро е Бритни да се појави лично на судењето.

Бритни Спирс / Фото: Инстаграм

„Можеби би било најдобро г-ѓа Спирс да се појави, така што сите ќе знаеме што мисли таа“, рекол адвокатот.

„Не се обидуваме да ја натераме г-ѓа Спирс да дојде на суд. Јас сум извор на сите информации за неа на јавните обраќања и го претставувам токму она што го сака мојот клиент“, изјавил адвокатот на Бритни.

Судијата потоа го прашал нејзиниот адвокат дали Бритни ќе потпише изјава во која од прва рака ќе ги опише своите чувства.

профимедиа

 

Ингам на тоа одговорил дека Бритни моментално нема можност да ја напише таа изјава и ја спореди со пациент во кома.

„Дури и пациентите во кома имаат адвокати кои зборуваат во нивно име“, рекол Ингам.

Со оваа негова изјава тој не сакал да каже дека Бритни е во кома, туку тоа го искористил како пример да покаже дека таа навистина не е способна да потпише правен документ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот