Адеми на „радарот“ на турски фудбалски гигант

ffm.mk

Хрватите не веруваат дека Македонецот би можел да направи трансфер во екипата на Фенербахче и дека би бил многу скап.

Како што пренесуваат хрватските и турските медиуми, Аријан Адеми (28) би можел да ја продолжи кариерата во еден од најпознатите европски клубови.

Македонскиот репрезентативец е една од желбите на еден од најголемите турски фудбалски гиганти, Фенербахче.

За оваа екипа претходно настапуваше Елиф Елмас кој од оваа натпреварувачка сезона е член на италијанскиот Наполи.

Адеми претходно се најде во центарот на вниманието, односно најголема прашина се подигна со одбивањето на фудбалерите да им се намалат платите и актуелните договори поради пандемијата на коронавирус.

За нашиот интернационалец се вели дека е малку потешка ситуацијата. Тој е капитен на „модрите“ и вреди 5,5 милиони евра според „Трансфермаркт“.

Има договор со Динамо Загреб до 30 јуни 2023 година, а Хрватите не веруваат дека Македонецот би можел да направи трансфер во екипата на Фенербахче и дека би бил многу скап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот