Адеми и Тричковски неизвесни за настап против Полска!?

ffm.mk

Репрезентацијата на Македонија го одржа официјалниот тренинг во „ПГА Народови“ Арената каде утре од 20:45 часот ќе го игра против Полска во натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020.

Аријан Адеми и Иван Тричковски не тренираа поради повреди и се под голем знак прашалник за настап на мечот в недела.

ffm.mk

Езгјан Алиоски кој вчера не тренираше, денеска работеше со тимот и најверојатно ќе биде спремен за игра.

Селекторот Игор Ангеловски е свесен за големиот предизвик кој го очекува, но се надева дека на ова гостување неговите фудбалери ќе освојат бод(ови).

Сите посакуваме нова голема победа, па и реми би ни било добредојдено, но истовремено желбата е Австрија да не триумфира викендов на гости кај Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот