Адеми и Ристовски ќе играат пред 20.000 навивачи за влез во групите на ЛШ

Динамо Загреб ќе има голема поддршка на реваншот против норвешкиот Бодо/Глимт/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во среда со почеток од 21.00 часот на стадионот „Максимир“ ќе се игра возвратниот меч од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите помеѓу Динамо Загреб и Бодо/Глимт.

На првиот натпревар во Норвешка екипата на Бодо/Глимт триумфираше со 1:0 и е поблиску до елитата, но Хрватите најавуваат пеколен реванш пред своите верни навивачи.

Распродадени се сите влезници за утрешниот дуел, па така се очекува околу 20.000 навивачи да им дадат поддршка на „модрите“ во чии редови се и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

– Ги известуваме навивачите дека се распродадени сите достапни индивидуални билети за плеј-оф натпреварот од Лигата на шампионите Динамо – Бодо/Глимт на стадионот Максимир во вторник попладне! Динамо во среда на овој важен натпревар за групна фаза од Лигата на шампионите ќе има голема поддршка од своите навивачи од трибините. Се гледаме на Максимир! Заедно до Лигата на шампионите – пишува на сајтот на Динамо.

Потсетување дека поразениот од овој двомеч ќе игра во групите на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот