8 намирници што треба да ги избегнувате по 30-тата

храна бургер

Со едно треба да се помирите, како што поминуваат годините, така се менува и вашето тело и начинот на кој ја преработува храната.

По 30-тата година важи правилото „подобро да се спречи, наместо да се лечи“, па затоа и треба да внимавате со изборот на храна.

Сигурно и веќе сте забележале дека веќе не можете да поднесете некои намирници кои претходно сте ги јаделе со задоволство.

Со овие намирници треба да бидете повнимателни:

Овошен јогурт

Овошниот јогурт содржи многу шеќер, а со текот на годините телото сè потешко ги процесира. Наместо тоа, најдобро е самите да си го подготвувате од свежо и сушено овошје и житарици.

Соја

Сојата е намирница која се смета за здрава, но е еден од производите кои најмногу генетски се модифицираат и се покажало дека може во големи дози да влијае негативно. Затоа и не се дава на деца во раст и развој.

Пластични цевчиња за пиење

Најдобро е да ги пиете соковите директно од чаша. Ако пречесто користите цевче, по 30-тата година од животот, може да забележите формирање брчки околу устата и создавање длабнатини.

Одгледувана риба

Најдобро е, на која возраст и да сте, да јадете риба која е уловена од нејзината животна средина, наместо оние кои се одгледувани и хранети со храна со хормони и антибиотици.

Бел леб

Белиот леб е една од најштетните намирници, што особено се покажува кога сте повозрасни. Затоа, наместо бел, користете интегрален леб или тонус, кој се прави од житарици.

Овошни сокови

Комерцијалните сокови се полни со шеќер, вода и конзерванси, па затоа не паѓајте на трикот „100% овошен вкус“ бидејќи за тоа и се работи, само за вкус.

Десерти од продавница

Дури ни домашните колачи не се нешто што би требало често да го јадете, но индустриските десерти дефинитивно не смеат да бидат дел од вашата исхрана.

Пуканки од микробранова

Обложени се со многу сол и масти, со што се губи секоја хранлива вредност што пуканките би ја имале ако самите ги подготвите од зрна пченка за пуканки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот