3 работи кои треба да ги јадете секој ден доколку сакате да ослабите

Selection of food that is good for the health and skin, rustic wood background

Одредени состојки од оваа храна ќе го забрзаат процесот на слабеење, поради што е корисно да ги консумирате секојдневно.

1. Зеленчук

Доколку сакате згодно тело, зеленчукот мора да биде најзастапен во вашиот ручек, бидејќи тој ви ги дава потребните минерали, витамини и фитохемикалии. Во процесот на слабеење особено ќе ви помогне зеленчукот со висок процент на влакна како брокули, прокељ, спанаќ, грашок, пченка, кељ и леќа, па затоа вклучете ги во секојдневвното мени.

2. Немасни протеини

За полесно да ослабите, завртете се кон немасните протеини, кои подолго ќе ве држат сити во однос на јаглените хидрати и заситените масти, по кои гладот многу брзо ќе се врати. Најдобро е во вашето мени да вклучите пилешко месо, мисиркино, телешко и јунешко, како и јајца, лосос, бакалар и туна.

3. Цели житарки

Доколку сакате да јадете леб, не морате целосно да се откажете од него, туку заменете го со леб од цели зрна житарки. Многу истражувања потврдија дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции цели житарки дневно имаат за околу 2,4 проценти помалку телесни масти и за 3,6 проценти помалку абдоменални масти од луѓето кои воопшто не ги консумираат.

Едно парче леб од цели житарки е еднакво на една потребна порција, па затоа во ручекот слободно можете да вклучите една ваква кришка. Дополнителен извор на цели зрна житарки можат да бидат и овесот, булгурот, киноата или кафениот ориз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот