2МФЛ: Беса 1976 не го дава врвот, сигурен Детонит, Пелистер се враќа со три бодови од Тетово

фото: fcpelister.com.mk

Фудбалерите на Пелистер денеска го одиграа натпреварот од 12 коло во Втората македонска фудбалска лига. Битолчани му гостуваа на тетовски Тетекс од каде што се враќаат со целиот плен во Битола.

По дождливо и облачно време на стадионот со вештачка трева во Тетово, пелистерци го добија Тетекс со 0:1 со раниот гол на Стефан Костов во шестата минута. Играта на Пелистер беше течна, се создаваа и други акции но без успех, за на пауза да заминат со позитива од само еден гол.

Второто полувреме беше тешко да се игра, битолчани ја имаа иницијативата скоро цел натпревар, за разлика од противникот кој најчесто се бранеше и чекаше шанса од контра напад. Се редеа шансите на пелистерци но сите беа јалови, за на крајот натпреварот да заврши со минимален триумф за Пелистер.

Нови победи забележаа и екипите на Беса 1976 и Детонит Плачковица. Составот на Беса 1976 со 1:3 го совлада Охрид. За победничкиот тим головите ги реализираа Кордоба, Есати и Скендери, а за Охрид стрелаше Демити.

Детонит Плачковица со истиот резултат го надигра тимот на Каменица Саса. За Детонит Плачковица стрелци беа Бабунски, Рушити и Керим, а Каменица Саса погодок имаше благодарение на автоголот на Чиљафи.

2МФЛ, 12 коло

Недела, резултати –

Башкими – Арсими 1:2
Беласица – Караорман 2:1
Новаци – Кожуф Гевгелија 1:0
Охрид – Беса 1976 1:3
Осогово – Вардар Неготино 2:2
Победа – Скопје 1:0
Каменица Саса – Детонит Плачковица 1:3
Тетекс – Пелистер 0:1

Табела

1. Беса 1976 31 бод
2. Детонит Плачковица 26
3. Пелистер 24
4. Беласица 20
5. Охрид 20
6. Кожуф Гевгелија 17
7. Тетекс 17
8. Башкими 17
9. Арсими 16
10.Новаци 16
11.Победа 15
12.Вардар Неготино 12
13.Скопје 12
14.Осогово 11
15.Караорман 10
16.Каменица Саса 7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот