22 лица учествувале во големата тепачка во Струмица

Како што информира Јавното обвинителство, од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие” од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело „насилство” од член 386 од Кривичниот законик.

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска струмичкото Основно јавно обвинителство отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи во овој град на 18 март 2021 година.

Како што информира Јавното обвинителство, од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие” од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело „насилство” од член 386 од Кривичниот законик.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот