19-годишна медицинска сестра се омажила за 89-годишен пациент со деменција

Олива Стоун (19) се омажила за Ли Хопкинс (89), кој живее во старечкиот дом каде што работи.

принтскрин/7news.com.au

Младата медицинска сестра наиде на осуда во јавноста затоа што Ли е нејзин пациент кому му е дијагностицирана деменција, пишуваат странските медиуми.

Откако се пофалила со фотографии од венчавката на социјалните мрежи, многумина ја обвинија дека е материјалистка и дека се омажила за Ли само за да стане вдовица пред триесеттата година од животот.

принтскрин/7news.com.au

Ако се венчаме, јас ќе бидам единствената личност што ќе го добие неговото наследство – наводно било напишано во пораката што Олива му ја испратила на пријател.

Меѓутоа, таа истакнала дека е навистина среќна со Ли и се пофалила дека внуците на нејзиниот нов сопруг се постари од неа.

принтскрин/7news.com.au

– Како е ова легално? – е само еден од многуте коментари, во кои корисниците на социјалните мрежи ја „нападнаа“ медицинската сестра.

По многуте осуди, Олива го избриша својот профил на Твитер, во кој ја документираше целата врска со 89-годишниот сопруг и каде што зборуваше за нивниот сексуален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот