Само на овој начин добро ќе го измиете овошјето и зеленчукот од отрови и пестициди

Фото: Flickr

Иако пестицидите го штитат овошјето од инсекти, доколку намирниците не се измијат добро, може да предизвикаат повраќање, дијареја (пролив) и гадење…

Кога купуваме сезонско овошје и зеленчук, се прашуваме дали намирниците се испрскани со хемикалии или не. Дури и ако купуваме на пазари со познати, стари продавачи, побезбедно е секое овошје добро да се измие бидејќи пестицидите со кои се третираат често можат да предизвикаат стомачни тегоби. За да уживате во свежата храна од пазарот, еве неколку корисни совети што да правите пред да ги ставите на трпеза.

Се подразбира дека ќе го измиете овошјето и зеленчукот пред од него да направите салата, ручек или да го изедете. Но, дали тоа го правите правилно?

Истражувањата покажаа дека 70 до 80 отсто од пестицидите може да се измијат од овошјето и зеленчукот само со ладна вода, но тие треба да се мијат најмалку половина минута под млаз вода.

Применете ги овие методи за миење за да ги отстраните сите бактерии и пестициди од храната што ја јадете.

Зелка

Отстранете ги првите два слоја листови од зелката, кељот и сличниот зеленчук, исечете ги на четвртинки и потопете ги во вода во која сте сипиле малку оцет. По неколку минути исплакнете со чиста вода. Кај карфиолот, цветовите треба да ги одвоите пред да се потопите во водата со оцет.

Печурки

Не ги потопувајте во вода, бидејќи ќе се распаднат. Секоја од нив кратко измијте ја под млаз ладна вода и ставете ја на крпа да се исцеди.

Фото: Any Lane / Pexels

Јаболка, домати, круши

Полни се со пестициди, па никако не прескокнувајте да ги потопите во вода со малку сода-бикарбона. Оставете ги да отстојат 10-15 минути. Така, отстранете ги штетните материи и од крушите, пиперките, доматите и другото овошје и зеленчук што не се лупат.

Зелена салата (марула)

Треба да се потопи во вода десетина минути и да се извади без мешање, бидејќи штетните материи ќе паднат на дното. Потоа лист по лист да се измијат под млаз ладна вода.

Јагоди

Јагодите не треба да се мијат во раствори со оцет, сол или сода-бикарбона, бидејќи може да се оштетат. Доволно е полека да ги триете половина минута под млаз ладна вода.

Фото: Julie Magro / Flickr

Раствор со сол

Направете раствор во кој ќе го потопите овошјето или зеленчукот. Во 4 шолји топла вода додадете 2 лажици сол, измешајте да се раствори, а потоа потопете го овошјето или зеленчукот 30 до 60 минути. Потоа, измијте го под млаз ладна вода.

За лиснат зеленчук, поефикасно и попрактично е да се користи раствор од вода со чаша оцет или сок од лимон. Оставете го да отстои 15-20 минути, а потоа исплакнете го секој лист под млаз вода. На овој начин можете да го измиете и младиот кромид.

Направете спреј

Сипте вода и бел алкохолен оцет во шише со распрскувач, а потоа додадете една лажичка сода-бикарбона. Почекајте да помине реакцијата на оцетот и сода-бикарбоната, па затворете го шишето. Подоцна, попрскајте го зеленчукот со овој раствор. Пред употреба задолжително исплакнете со ладна вода.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот