Договорени конкретни активности за економска и трговска соработка со Египет

Фото: Принтскрин МИА

Унапредување на трговската размена и иницијативата за намалување на увозните тарифи се темите за кои денеска во Каиро разговараа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и египетскиот министер Ezz El-Din Omar Abu Steit.

Двата министри разговарале и за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет.

Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на состанокот во Каиро, министерот Николовски ја истакнал подготвеноста на Владата да се склучи преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави.

– Една од темите беше примена на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот. Од страна египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства. Во делот на увозната царинска давачка од 40 отсто за увоз на јаболка, информираат од МЗШВ.

Договорено е и Министерството за трговија и индустрија на Египет и Министерството за економија на РСМ да воспостават комуникација.

Од нашата држава во Египет најмногу се извезува јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година, извозот кон Египет бил во вредност од близу шест милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот