Инфографик: Што сѐ Facebook, Apple, Microsoft, Twitter, Google и Amazon знаат за нас
Бројните скандали во кои Facebook се најде поради злоупотреба на личните податоци на корисниците, го отворија прашањето, колку оваа, а и другите социјални мрежи навистина знаат за нас.
А простиот одговор е – практично се.
Компанијата Security Baron ги проучуваше правилата за користење и заштита на податоци на Facebook, Google, Apple, Twitter, Amazon и Microsoft и потоа состави инфографик кој покажува кои сѐ лични податоци овие комапнии признаваат дека ги земаат од корисниците.
За Facebook, но и за многу други, податоците се еднакви на парите и заработката.
Меѓутоа, кога на едно место ќе видите што сѐ големите технолошки компании знаат за вас, сигурно нема да ви биде сеедно.
Погледнете го инфографикот…